Полските власти мора да му плаќаат на Брисел 500.000 евра дневно поради неуспехот да го затворат рудникот за јаглен на полско-чешката граница, одлучи Европскиот суд на правдата (ЕСП), пренесува Еуроњуз.
Во март, Прага поднесе извештај во која се вели дека рудникот за лигнит „Туров“ ги испушта подземните води подалеку од околните области.
Два месеци подоцна, Европскиот суд на правдата и порача на Варшава да престане да вади кафеав јаглен.
Вчера, судот рече дека Полска мора да и’ плаќа на Европската комисија дневна казна од половина милион евра, откако не ги прекина активностите.
Рудникот „Туров“ се наоѓа на југоисток од Полска, близу границата со Чешка и Германија.
Тој беше предмет на спор помеѓу Варшава и Прага, при што вторите се жалат дека се оштетуваат заедниците преку граница.
Во јануари, германскиот град Зитау, веднаш преку границата со „Туров“, исто така ја одведе Полска до истиот суд по истата основа. Чешката влада го поднесе барањето откако разговорите со Варшава беа неубедливи.
Полска, која се потпира на јаглен за своите енергетски потреби, ја игнорираше претходната наредба на ЕСП за запирање на активностите во рудникот и наместо тоа, се надеваше дека ќе постигне договор со својот сосед.
Државната енергетска компанија „ПГЕ Груп“ го оспори барањето од Чешка, тврдејќи дека ќе бидат потребни години за постепено укинување на црниот јаглен во согласност со климатските политики на ЕУ.
Министерството за клима на земјата во април ја продолжи концесијата за рударство за „Туров“ до 2044 година.
Планот да се држи до експлоатацијата на јаглен и по 2030 година ќе значи дека полскиот регион околу „Туров“ ќе пропушти дел од фондот на ЕУ за „праведна транзиција“ од 17,5 милијарди евра, кој ги поддржува места кои се оттргнуваат од производство на јаглен.
ЕСП сега и’ нареди на Полска да ја плати дневната казна додека не се усогласи со привремената наредба на судот.
Полска произведува околу 70% од електричната енергија од јаглен и беше единствената земја од ЕУ во 2019 година што не се обврза да ја намали емисијата на стакленички гасови на нула до 2050 година.