Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Младите се носители на позитивните промени и клучот за одржливост и развој на општеството. Тие ги остваруваат своите потреби и права на начин што им овозможува да го достигнат својот целосен човечки потенцијал
Ова е визијата на новата Национална стратегија за млади која неодамна беше усвоена од Владата, документ кој покажува каде власта ги гледа младите за четири години отсега. За да се стигне до посакуваните цели, предвидени се конкретни чекори, а за да се измери колку е реализирано поставени се различни мерливи индикатори и конкретни рокови.
Силен младински сектор, повеќе активизам и младински центри, национална информативна платформа, намалување на младинската невработеност, поквалитетно образование, како и намалување на врсничкото и родово базираното насилство се дел од главните приоритети во Стратегијата, која заедно со Акцискиот план треба да се спроведува во периодот 2023 – 2027 година.
Во воведот стои дека главниот императив на Стратегијата е да ја унапреди положбата на младите, поставувајќи основни принципи, цели и мерки кои нудат реформска рамка, пред се` за институциите, но и за останатите чинители во општеството, во овозможување младите да ги остварат своите права, потреби и интереси.
Стратегијата има 8 посебни приоритетни цели, а секоја од нив има индикатори за мерење на успехот во областа. Стратегијата е направена така што од една страна е поставено референтно ниво, кое ја отсликува моменталната состојба, базирано на последните статистички податоци, анализи или истражувања, а од друга страна има краен таргет, односно зацртана цел која треба да се достигне до 2027 година.
1. Младинско учество
Во овој дел од Стратегијата и Акцискиот план се предвидуваат разни механизми како младите повеќе да се вклучат во носењето одлуки на национално и локално ниво. Меѓу другото се предвидува зголемување на млади кандидати на парламентарните и локалните избори, но и поголема вклученост во националните и локалните политики и планирањето на јавните простори. Планирани се и активности со кои треба да се унапреди средношколското и студентското организирање, како и обучување на наставниците за младинското учество. Дополнително во документот се повикува и на формирање на комисија за млади во Собранието како и јакнење на секторот „млади“ на Агенцијата за млади и спорт.
2. Младинско информирање
Една од главните новини во оваа област е тоа што треба да се создаде национална информативна платформа, која ќе биде препознаена од младите и призната од институциите. На неа се предвидува службениците за млади да креираат информативни содржини поврзани со нивната работа, можностите и и новостите за младите.
Дополнително, ќе се работи на зголемување на јавната свест за препознавање на дезинформации, подобрување на медиумската писменост и зајакнување на критичкото мислење кај младите.
3. Младинска работа
Во оваа приоритетна област се предвидува законско регулирање, како и формално, општествено и политичко признавање на младинската работа. Планирано е да се зголеми соработката меѓу младинските центри, граѓанските организации и образовните институции, спортските клубови, општините и бизнис заедницата во полето на младинска работа и да се спроведуваат активности за едукација и информирање на граѓанските организации, општините и другите засегнати за потребата од образование за младински работници.
4. Образование
Во оваа област се предвидени најголем број активности и мерки, од поголема дигитализација, реновирање на студентските домови, адаптирање на образовните установи за лица со попреченост, до кариерно насочување во сите нивоа на образование.
Се предвидува воведување на Сеопфатно сексуално образование како изборен предмет во основните училишта, анализа на Болоњскиот систем, онлајн аплицирање во средно училиште и вадење потврда за редовен ученик, како и стратешка рамка за интернационализација на образованието.
5. Култура
Судејќи според новата Стратегија за млади, во следните четири години треба да се зајакне учеството на младите во сите сфери на културата.
Се предвидува поголемо домашно и меѓународно културно вмрежување на младите, попусти за културни настани, повеќе простори кои би им биле на располагање за творештво и повеќе финансирање на младински проекти во оваа област.
6. Здравје
Во оваа област се предвидува поголема информираност на младите за здравствените теми, подобрување на менталното здравје, квалитетот на живот и животната средина.
Во првата половина на 2024 се планира изработка на длабинска анализа за степенот на врсничко и родово базирано насилство помеѓу младите, развивање програма за лекување на неопијатни зависности кај оваа возрасна група, обезбедување и дистрибуција на бесплатна модерна контрацепција до младите преку државните клиники, гинеколошките ординации и програмите на граѓанските организации, како и воведување локален фонд на општините за менструална хигиена во основните и средните училишта.
7. Претприемништво и поддршка пред вработување
Во оваа област се предвидуваат различни мерки со кои треба да се намали младинската невработеност и подобрување на вештините кај младите. Планирани се обуки и програми за дигитализација на бизнисите и учење меки вештини, законско решение за ослободување од плаќање на персонален данок на доход во првите 3 години од започнување стартапи од млади, организирање годишен саем на кариерни можности, како и официјален сајт за дигитални номади.
8. Безбедност
Во оваа последна приоритетна област фокусот е ставен на личната безбедност и физичкиот интегритет на младите.
Се предвидува подобрување на инфраструктура за слободно движење во јавниот простор и засилени контроли на местата каде најчесто се движат младите.
Треба да се направи анализа и теренско истражување на „црни точки“ за жени, девојки, лица со попреченост и припадници на етнички заедници низ општините, како и адресирање на безбедносните ризици на овие локации. Дополнително се предвидува обезбедување полицаец во јавниот превоз во време на најфреквентните делови од денот за средношколците во Скопје, обуки за наставниците за препознавање и превенција на сајбер врсничко насилство.
Во Стратегијата се наведува и воведување на нови воспитно педагошки мерки за санкционирање на врсничко насилство, а до крајот на оваа година се планира и организирање национална конференција за безбедност на млади.
Во Стратегијата се наведува дека главен предуслов за успехот на Стратегијата за млади е да се воспостават ефективни механизми на одговорност и следење. Еднаш годишно ќе се организира дискусија во Собранието на Северна Македонија на која ќе се разгледува годишниот извештај за спроведување на Стратегијата, а секоја година ќе се организира и седница на Владата за младински политики, на која исто така ќе се дискутира напредокот во спроведување на овој документ.
Крајната оценка за успешноста на оваа Стратегија ќе се утврдува преку надворешна независна евалуација, спроведена од независни експерти и организации во рок од шест месеци по крајниот период на кој се однесува документот.
Новата Национална стратегија за млади доцни повеќе од две години, бидејќи според Законот за младинско учество и младински политики таа мораше да се донесе најдоцна до јули 2021. Во нејзината изработка, според тоа што е наведено во Стратегијата, биле вклучени повеќе од 1.300 учесници.
Даниел Евросимоски
-
Më pak analfabetizëm, dhunë dhe apati – Çfarë parashikon Strategjia e re për Rininë?
Të rinjtë janë bartësit e ndryshimeve pozitive dhe çelësi i qëndrueshmërisë dhe zhvillimit të shoqërisë. Ata i realizojnë nevojat dhe të drejtat e tyre në një mënyrë që i lejon të arrijnë potencialin e tyre të plotë njerëzor
Ky është vizioni i Strategjisë së re Kombëtare për Rininë që u miratua së fundmi nga Qeveria, një dokument që tregon se ku i sheh qeveria të rinjtë pas katër vitesh. Për të arritur qëllimet e dëshiruara janë paraparë hapa specifikë, dhe për të matur se sa është realizuar janë caktuar tregues të ndryshëm të matshëm dhe afate specifike.
Një sektor i fuqishëm rinor, më shumë aktivizëm dhe qendra rinore, një platformë kombëtare informacioni, reduktimi i papunësisë tek të rinjtë, arsimi më cilësor, si dhe reduktimi i dhunës së bashkëmoshatarëve dhe atyre me bazë gjinore janë pjesë e prioriteteve kryesore të Strategjisë, e cila së bashku me Planin e veprimit duhet të zbatohet në periudhën 2023 – 2027.
Në hyrje thuhet se imperativi kryesor i Strategjisë është përmirësimi i pozitës së të rinjve, duke vendosur parimet bazë, synimet dhe masat që ofrojnë një kornizë reformuese, në radhë të parë për institucionet, por edhe për palët e tjera të interesuara në shoqëri, për të mundësuar të rinjtë të ushtrojnë të drejtat, nevojat dhe interesat e tyre.
Strategjia ka 8 objektiva prioritare specifike, dhe secili prej tyre ka tregues për matjen e suksesit në këtë fushë. Strategjia është bërë në mënyrë të tillë që nga njëra anë të vendoset një nivel referimi, i cili pasqyron situatën aktuale, bazuar në statistikat, analizat ose sondazhet më të fundit, dhe nga ana tjetër ka një objektiv përfundimtar, përkatësisht një objektiv të caktuar që duhet të arrihet deri në vitin 2027.
1. Pjesëmarrja rinore
Kjo pjesë e Strategjisë dhe Planit të Veprimit parashikon mekanizma të ndryshëm për të përfshirë më shumë të rinjtë në vendimmarrje në nivel kombëtar dhe lokal. Ndër të tjera, parashikohet numër më i madh i kandidatëve të rinj në zgjedhjet parlamentare dhe lokale, por edhe përfshirje më e madhe në politikat kombëtare dhe lokale dhe planifikimin e hapësirës publike. Gjithashtu janë planifikuar aktivitete për të promovuar organizimin e shkollave të mesme dhe nxënësve, si dhe trajnimin e mësuesve për pjesëmarrje rinore. Gjithashtu, dokumenti kërkon formimin e një komisioni rinor në Kuvend, si dhe forcimin e sektorit rinor të Agjencisë për Rininë dhe Sportin.
2. Informim rinor
Një nga risitë kryesore në këtë fushë është se duhet të krijohet një platformë kombëtare informacioni, e cila do të njihet nga të rinjtë dhe do të pranohet nga institucionet. Parashikohet që nëpunësit për të rinj të krijojnë përmbajtje informative lidhur me punën e tyre, mundësitë dhe risitë për të rinjtë.
Përveç kësaj, do të punohet për të rritur ndërgjegjësimin e publikut rreth dezinformatave, përmirësimin e edukimit mediatik dhe forcimin e mendimit kritik midis të rinjve.
3. Puna rinore
Kjo fushë prioritare parashikon rregullimin ligjor, si dhe njohjen formale, sociale dhe politike të punës së të rinjve. Planifikohet të rritet bashkëpunimi midis qendrave rinore, organizatave të shoqërisë civile dhe institucioneve arsimore, klubeve sportive, komunave dhe komunitetit të biznesit në fushën e punës rinore dhe të zbatohen aktivitete për edukimin dhe informimin e organizatave të shoqërisë civile, komunave dhe të tjerëve të shqetësuar për nevojën për arsimim për punëtorët e rinj.
4. Arsimi
Shumica e aktiviteteve dhe masave janë parashikuar në këtë fushë, nga digjitalizimi më i madh, rinovimi i konvikteve të studentëve, përshtatja e institucioneve arsimore për personat me aftësi të kufizuara, deri te udhëzimi për karrierë në të gjitha nivelet e arsimit.
Parashihet futja e Edukimit seksual gjithëpërfshirës si lëndë zgjedhore në shkollat fillore, analizën e sistemit të Bolonjës, aplikimin online për shkollë të mesme dhe marrjen e një certifikate për nxënës që ndjek rregullisht mësimin, si dhe kornizë strategjike për ndërkombëtarizimin e arsimit.
5. Kultura
Duke gjykuar nga Strategjia e re për të rinjtë, në katër vitet e ardhshme duhet të forcohet pjesëmarrja e të rinjve në të gjitha sferat e kulturës.
Parashikohet rrjetëzim më i madh kulturor vendas dhe ndërkombëtar i të rinjve, zbritje për ngjarjet kulturore, më shumë hapësira në dispozicion të tyre për të krijuar dhe më shumë mjete financiare për projektet rinore në këtë fushë.
6. Shëndeti
Në këtë fushë, parashikohet ndërgjegjësim më i madh i të rinjve për temat e shëndetit, përmirësimin e shëndetit mendor, cilësisë së jetës dhe mjedisit.
Në gjysmën e parë të vitit 2024, planifikohet të përgatitet një analizë e thelluar e shkallës së dhunës midis moshatarëve dhe dhunës me bazë gjinore midis të rinjve, të zhvillohet një program për trajtimin e varësive jo-opiate në këtë grup-moshë, të sigurohet dhe shpërndahet kontracepsioni modern falas për të rinjtë përmes klinikave shtetërore, ordinancave gjinekologjike dhe programeve të organizatave të shoqërisë civile, si dhe të prezantohet një fond lokal i komunave për higjienën menstruale në shkollat fillore dhe të mesme.
7. Sipërmarrja dhe mbështetja para punësimit
Në këtë fushë, parashikohen masa të ndryshme për të ulur papunësinë e të rinjve dhe për të përmirësuar aftësitë e të rinjve. Ekzistojnë trajnime dhe programe të planifikuara për digjitalizimin e bizneseve dhe mësimin e aftësive të buta, një zgjidhje ligjore për përjashtimin nga pagesa e tatimit mbi të ardhurat personale në 3 vitet e para të fillimit të startup-eve rinore, organizimin e një panairi vjetor për mundësi për karrierë, si dhe një faqe zyrtare për nomadët digjitalë.
8. Siguria
Në këtë fushë të fundit prioritare, fokusi është në sigurinë personale dhe integritetin fizik të të rinjve.
Parashikohet përmirësimi i infrastrukturës për lëvizjen e lirë në hapësirën publike dhe forcimi i kontrolleve në vendet ku të rinjtë lëvizin më shpesh.
Analiza dhe hulumtimi në terren duhet të bëhen mbi “pikat e zeza” për gratë, vajzat, personat me aftësi të kufizuara dhe anëtarët e komuniteteve etnike nëpër komuna, si dhe adresimin e rreziqeve të sigurisë në këto vende. Përveç kësaj, parashikohet të sigurohet një nëpunës policor në transportin publik gjatë pjesëve më të ngarkuara të ditës për nxënësit e shkollave të mesme në Shkup, trajnime për mësuesit për njohjen dhe parandalimin e dhunës kibernetike nga moshatarët.
Strategjia gjithashtu thekson futjen e masave të reja pedagogjike arsimore për të sanksionuar dhunën e bashkëmoshatarëve, ndërsa deri në fund të këtij viti është planifikuar një konferencë kombëtare për sigurinë e të rinjve.
Strategjia thotë se parakushti kryesor për suksesin e Strategjisë Rinore është krijimi i mekanizmave efektivë të llogaridhënies dhe monitorimit. Një herë në vit, do të organizohet diskutim në Kuvendin e Maqedonisë së Veriut për të shqyrtuar raportin vjetor për zbatimin e Strategjisë, dhe çdo vit do të organizohet një seancë e Qeverisë për politikat rinore për të diskutuar gjithashtu përparimin në zbatimin e këtij dokumenti.
Vlerësimi përfundimtar i suksesit të kësaj Strategjie do të përcaktohet përmes vlerësimit të jashtëm të pavarur, të kryer nga ekspertë dhe organizata të pavarura brenda gjashtë muajve pas periudhës përfundimtare me të cilën lidhet dokumenti.
Strategjia e re Rinore Kombëtare është më shumë se dy vjet me vonesë, sepse sipas Ligjit për pjesëmarrje rinore dhe politika rinore ajo duhej të miratohej më së voni deri në korrik 2021. Më shumë se 1.300 pjesëmarrës u përfshinë në përgatitjen e tij, siç thuhet në Strategji.
Daniell Evrosimoski