Архивата на јавни собири соопшти дека на синоќешниот протест пред Радио-телевизија Србија (РТС) наречен „Наше е правото да знаеме сè“ имало од 53.000 до 55.000 луѓе. Тие оценија дека тоа е еден од најголемите собири во историјата на Србија, пренесува Н1.
Проценките на провладините медиуми, објавени синоќа, укажуваат дека има меѓу 10.000 и 15.000 луѓе.
Голем број граѓани и студенти се собраа пред РТС затоа што ги поддржуваат студентите, но и затоа што сметаат дека известувањето на јавниот сервис не е објективно. Тие им оддадоа почит на жртвите, а потоа му подарија подарок на директорот на РТС Драган Бујошевиќ – голем сендвич со 71 свеќа. Претходно, полицијата ја исфрли опозицијата од Градското собрание во Нови Сад, а за време на вчерашните блокади имаше уште неколку инциденти – постар маж со нож нападна студенти по медицина во Нови Сад.
View this post on Instagram
Вчера е одржана и акцијата од ПроГлас наречена „Застани Србијо, застани со студентите“, како што соопштија – поширок формат од претходните дневни акции „Застани Србијо“, во кои граѓаните и студентите во блокада со петнаесет минутен молк им оддаваат почит на жртвите. Евидентирани се и инциденти – на Правниот факултет во Белград и во Нови Сад.
Да се потсетиме, во пресрет на блокадата во четвртокот на улица „Рузвелтова“ во Белград, автомобил удри во студентка на Правниот факултет. Потоа, нејзините колеги организираа протест пред факултетот, а пеш се упатија и до Јавното обвинителство на државата.
View this post on Instagram
Инаку, во вториот дневен весник на РТС, по првите вести за здравствената состојба на повреденото девојче, со известување директно од протестот се вклучи и нивниот репортер. Во програмата беше вклучен и еден граѓанин од протестот. А, од зградата на РТС беше развиен транспарент „Работниците на РТС се со студентите“, а насобраните возвратија со скандирање „Благодарам за поддршката“.
View this post on Instagram
Дополнително, како што беше кажано во вчерашната програма на Н1, од четвртокот во Србија се одложуваат претстави, саеми и други настани.