„Помеѓу“ е името на новиот краток филм на македонскиот автор Владимир Митревски – Ѓуле, кој ќе биде премиерно прикажан во среда на 6 февруари во 20 часот во Кинотеката на Македонија. Митревски минатата година го привлече вниманието на јавноста со неговиот филм „Reddakh“, во кој за првпат беше претставен светот на македонската гејминг заедница. Во очекување на премиерата на последното остварување на Митревски, еве го трејлерот за „Помеѓу“: