Членови на движењето „Стоп за полициската бруталност“ и братот на Мартин Нешковски, Александар, во 18 часот попладнево ќе се соберат на местото на убиството на Мартин на плоштадот „Македонија“, каде ќе одржат помен и ќе се присетат на овој трагичен настан и протестите кои му следеа, изјави за Радио МОФ Александар Нешковски.
Дел од членовите на движењето против полициската бруталност изразуваат незадоволство што на денешниот собир на кој се одбележуваше двегодишнината од смртта на Мартин, се појавиле и политичари и политички активисти.
Мартин Нешковски беше убиен од страна на полицискиот специјалец Игор Спасов, кој вечерта бил задолжен за обезбедување на прославата на владејачката ВМРО – ДПМНЕ на плоштадот. Освен Спасов, ниту еден друг претставник на МВР, вклучувајќи ја и министерката Гордана Јанкуловска, не понесе одговорност за бруталниот чин.