Од овој понеделник (4 ноември) Радио МОФ ќе организира редовни понеделнички журки во Галерија 8. Се најавуваат настапи на голем број млади ди-џеи и бендови за кои допрва ќе се слуша на македонската музичка сцена.
„Одлична музика за одличен провод, формула за добро расположение. Досaдните понеделнички вечери ќе ви ги размрдаат тазе ди-џеи и бендови. Дојдете и поддржете ги новите клинци во Чаршија“, порачуваат од Радио МОФ.
Во понеделник, од 22 часот одговорни за инди „џускање“ се Петар Антевски и Ивана Низамовска.