До 20 јануари базенот во СЦ “Борис Трајковски” ќе биде затворен поради редовно генерално чистење. Веќе две недели објектот не работи ниту за пливачките школи, ниту за граѓаните кои рекреативно го користат.
Во овој период кога нема гужва, се прави дезинфекција на базенот, на коритото и плочките при што се испушта целата вода, информираат од СЦ „Борис Трајковски.
Цената за влез на базенот е 200 денари, а задолжително е носење капа за пливање. Базенот беше реновиран пред три години, пишува Вест.