Хуманитарната организација pomozi.ba од денес ќе дели бесплатни хируршки маски на три локации во Сараево, после апел на Заводот за итна медицинска помош на Кантонот Сараево и Федералниот хидрометеоролошки завод на Босна и Херцеговина, упатен до граѓаните да користат заштитни маски.
Поради загадувањето, во Сараево е прогласена состојба на приправност. Како една од заштитните мерки е пропишано намалено движење за ризичните категории (личности со кардиоваскуларни заболувања и опструкции на дишниот систем, деца на предучилишна возраст, стари лица и трудници), особено во утринските и вечерните часови, известува Радио Сараево.
„Покрај самата поделба на маските, важно е да се сврти вниманието на нивната употреба, бидејќи може да се забележи дека на сите им е непријатно да шетаат со маски, иако на тој начин само се штитат себе и своето здравје. Но залудно е, тоа сме ние, таков народ сме и мислиме дека ако имаме маска на лицето сите ќе нѐ гледаат како да сме вонземјани. Но, не е важно дали е тоа смешно, бидејќи како што можеме да видиме, ситуацијата е сѐ полоша и полоша“, пишува во соопштение организацијата pomozi.ba.
Сараевчани ќе можат да земат повеќе маски, и за себе и за членовите на нивните семејства.
„Но, немојте да ги земете и да ви останат во чанта, користете ги бидејќи колку-толку можат да ви помогнат. Секако, овие маски не можат да ве заштитат во потполност, но сигурно е многу подобро да одиме со било каква маска, отколку сосема незаштитени“, апелираат од здружението.
Маските сп FFP3 и FFP2 стандард, кои пружаат голема заштита, ќе се делат на најранливите категории.