„Виз-Ер“ ги откажа редовните летови од Скопје кон Милано и Венеција до 3 април откако италијанската влада издаде наредба за ставање во карантин на цела Ломбардија, заедно со уште 14 северни провинции поради коронавирусот. Засега летовите од Скопје за Рим – Чампино не се откажани, но од компанијата објавија дека е можно откажувања и на други летови за кои се продадени мал број карти.
Сите патници кои имаат откажани летови е најавено дека ќе бидат известени 14 дена пред закажанот лет и ќе им биде понудена алтернатива или враќање на парите за билетот.
Италијанскиот премиер Џузепе Конте потпиша наредба со која до 3 април е во карантин голем дел од северна Италија, каде живеат повеќе од 15 милиони луѓе. Ломбардија, чија финансиска престолнина е Милано, важи за најнаселен и најбогат дел на земјават.