Јавниот дочек на Новата година во Париз ќе биде организиран наспроти вонредната ситуација по неодамнешните терористички напади, но овој пат без спектакуларниот огномет, одлучија градските власти.
Одлуката е резултат на повеќедневно разгледување на ситуацијата од страна на париската полиција и Министерството за внатрешни работи на Франција, поради вонредната ситуација која во земјата е прогласена по координираните терористички напади на неколку локации во Париз.