Значителен број на апаратите за издавање на билети во метрото и железничките станици низ главниот град на Грција, Атина, престанале да работат минатата недела, најверојатно поради високите температури.
Машините генерално не работеле при обидите да се извадат книжни билети, а не при обновувањето на постојни електронски билети, пишува Катимерини.
Според весникот, се претпоставува дека проблемот настанал поради квалитетот на хартијата, која Организацијата за урбан транспорт на Атина ја добива од финска компанија. Од Организацијата се сомневаат дека технологијата на издавањето на билетите не е дизајнирана да ја поднесе топлината во летните периоди во Грција.
Проблемите во работењето на апаратите предизвикале големи редици во метро станиците во грчкиот главен град.