Во западниот дел од англиската грофовија Јоркшир, Лидс, се отвора нов клуб наречен „Church“, бидејќи е сместен во капела кој може да собере 500 луѓе. Местото го презеде компанијата „Back to Basics“, која организира забави веќе 25 години.
Преку ден, просторот ќе биде бар и ресторан и домаќин за продавачи како „Зест“, локална добротворна организација што ја финансира школото за готвење на Џејми Оливер и „Гет Бејкд“, кои ќе нудат часови по готвење. Исто така, ќе се одржуваат и креативни курсеви кои ќе бидат отворени за јавноста.
Ноќе, пак, клубот ќе биде место за свирки во живо и настапи на диџеи. Досега е објавен само првиот бран на настаните.
Свеченото отворање ќе се случи на 30 септември, а низ сезоната ќе настапат изведувачи како Џејми Џонс, Демијан Лазарус, Матијас Танзман и ДЏ Дион. Исто така, ќе има забава по повод 25 години постоење на продукциската куќа „Back to Basics“.
„Англиските клубовите станаа супстандардни со тоа што насекаде станаа исти. Нема индивидуалност“, вели креативниот директор Дејв Бир.
„Откако ќе поминете преку светите врати, ќе се најдете надвор од овој свет. Некаде каде ќе се изразите себеси и ќе ги изгубите своите инхибиции. Очекувајте го неочекуваното“, рече тој.