Суд во Мјанмар ја прогласи највлијателната политичарка во земјата Аунг Сан Су Чи, која минатата година беше уапсена за време на воениот удар, за виновна за корупција и ја осуди на шест години затвор.
Судењето се одржа зад затворени врати, без пристап на медиуми и публика, а на одбраната ѝ беше забрането да дава информации за постапката.
Су Чи е обвинета дека ја злоупотребила својата положба за да изнајмува јавно земјиште под пазарната вредност и изградила куќа користејќи донации наменети за хуманитарни цели.
Претходно, Аунг Сан Су Чи беше осудена на вкупно 11 години затвор за бунт и корупција.
Лидерката на Мјанмар беше соборена во државен удар минатиот февруари и оттогаш е во затвор.
Од државниот удар на 1 февруари минатата година, безбедносните сили на Мјанмар убиле повеќе од 160 демонстранти, а околу 13.000 луѓе се уапсени, според локалната невладина организација Здружение за помош на политички затвореници.