Романскиот суд ја осуди поранешната министерка за млади и спорт Моника Јакоб Риџи на пет години затвор поради пречекорување на службените овластувања, корупција и ненаменско трошење државни средства.
Според судот, поранешната министерка ја злоупотребувала својата позиција и проневерила државни пари за концерти за млади, пренесоа светските медиуми.
Министерката си даде оставка откако беше отворен случајот. Истрагата која започна во 2011 година покажала дека Риџи работејќи како министерка во владата на десниот центар меѓу декември 2008 и јули 2009 година, склучувала договори со приватни фирми по поголеми цени, што Владата ја чинело приближно 650.000 евра. Таа исто така е обвинета и дека се обидела да ги избрише од компјутерот мејлоите кои биле доказ за направените прекршоци,
Романски медиуми наведуваат дека поранешната министерка по отслужувањето на затворската казна ќе остане три години и без одредени граѓански права.
Во судењето учествуваа уште единаесет други лица, но ниту едно од нив не беше осудено. Миниостерката пак тврдеше дека не е виновна за случајот кој според неа бил политички мотивиран.