По повод Денот на Кралот, по втор пат, на 25 април „Гоу Грин“ заедно со Амбасадата на Кралството Холандија организираат три активности во „Ист Гејт Мол“.
Се работи за т.н. Портокалова велосипедска тура, потоа натпревар меѓу скопските средни училишта за најкреативно украсен велосипед, но и „Stavanger Hunt“ низ трговскиот центар.
Во однос на Портокалова велосипедска тура, таа ќе се започне во 16 часот на платото пред „Ист Гејт Мол“. Зa учество на рутата заинтересираните може да се пријават на следниот линк: https://forms.office.com/e/WPcMAsksXC
За втората активност, поточно за гласање за најкреативен велосипед, направен од рециклирани материјали, со инспирација од Холандската култура, таа ќе се одржи внатре во молот, со време од 17 до 20 часот.
„Scavenger Hunt“, пак, ќе биде на влезот и на локации низ целиот трговски центар, со време од 25 април од 17 часот до 27 април до 18 часот.
„Низ молот ќе може да пронајдете QR кодови и гатанки кои ќе ве водат до сите скриени локации и прашања поврзани со холандска историја и култура. Првата локација на играта е на самиот влез. На крајот на играта ќе се избере еден добитник на награда по случаен избор. Ве очекуваме на возење велосипеди и одлична дружба овој петок!“, велат од „Гоу Грин“.