Проектот „Портрети од Македонија“ ќе биде претставен на 24 јануари во 18:00 во Францускиот институт во Скопје.
„Портрети од Македонија“ е интернет-страница и документарен проект кој трае една година, а вклучува јавни места видени низ очите на граѓаните. Разговорите се претставени на интерактивна мапа од Македонија и претставува уникатен портрет од Македонија и граѓаните.
„Ќе ја погледнете интернет-страницата и ќе присуствувате на изложба од 15 граѓани кои учествуваа во проектот. Ќе добиете и можност да учествувате во проектот споделувајќи го вашето омилено јавно место“, се вели во најавата за настанот.
Проектот е реализиран како дел од Европски Волонтерски Сервис во АЛДА Скопје, од страна на Сара Фроман и Корентан Про, а финансиран од Европската Унија преку програмата „Еразмус+“.