СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека од денеска (5 март) до петок (7 март), поради официјална посета на претседателот на Собранието на Република Хрватска Гордан Јандроковиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
Оттаму апелираа до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.