Од утре (сабота) до понеделник во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај, соопшти Министерство за внатрешни работи (МВР).
Причината за ова е официјална посета на делегација предводена од претседателот на Големото национално собрание на Република Турција
„Од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници“, соопштија од МВР.