Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Сектор за внатрешни работи (СВР) Скопје известува дека утре, 6 јануари, по повод христијанскиот празник Бадник на подрачјето на град Скопје ќе се одржи Бадникова манифестација во склоп на Бадникови поворки и свечен собир на Кумовите бадникари на платото на Соборниот храм Св. Климент Охридски, како и Божиќна манифестација во склоп на Бадникови Поворки. Трасата на движење ќе започне од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по ул. „Петар Дејлан“, десно по ул. „Борис Трајковски“, лево по бул. „Македонија“, во продолжение по ул. „Св. Кирил и Методиј“ до пред Музеј на град Скопје, потоа на ул. „Македонија“ во продолжение се до плоштад „Македонија“ каде што ќе се одржува централната манифестација.

„Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот како и мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците каде што ќе се движат Бадниковите Поворки и околу верските објекти“, информираат оттаму.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.