Поштенските комбиња во Канада обоени во весели бои против сивилото на пандемијата

Канадската пошта во борба против депресивноста на пандемијата со Ковид-19 одлучи да внесе малку радост со боење на комбињата во весели бои.

Во сите поголеми градови низ Канада вкупно 40-тина шарени поштенски возила секојдневно пренесуваат писма и пакети што ги развеселува граѓаните кои ја земаат својата пошта од сандачињата.

Секое од комбињата е украсено со големо сонце и илустрација на која камионот во бојата на канадската пошта вози по виножито на кое пишува „Благодариме“.

Дизајнерот Ендрју Луис, на чија идеја е направен овој проект, вели дека размислувал што би било забавно со оглед на тоа дека луѓето „полуделе од изолацијата“ поради пандемијата на Ковид-19.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrew Lewis (@andrewlewisart)


Иако не верувал дека неговата замисла ќе биде сериозно земена предвид од Канадската државна пошта, тој сепак ги убедил во својата замисла.

„Многу луѓе на нивните прозорци имаат виножита, срциња и работи кои потсетуваат на минатата пролет или лето. Па го направив дизајнот забавен, како психоделична слика бидејќи сакав нешто што е позитивно и среќно, а ова е чудно, тмурно и депресивно време“, вели Луис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrew Lewis (@andrewlewisart)