Поради тоа што не успеаја да го промовираат новиот албум „Сега и засекогаш“ во целост пред скопската публика, панк бендот „Последен удар“ реши да се оддолжи со тоа што ќе го отствири целиот албум, а може и нешто повеќе – во барот „Браво“.
Свирката ќе се случи утре (сабота, 4 ноември) од 22 часот, а влезот е бесплатен.
„Последен Удар“ се панк рок и стрит панк бенд од Скопје. Формирани од другари од улицата кои сакаат да ги пренесат вистинските чувства од улицата и секојдневното опкружување. Свират насекаде низ Македонија, свиреа и во МКЦ на последниот „Андерфест“, ама пократко од очекуваното, па затоа сега имаат најава за ново соочување со скопската публика.