Третата епизода од последната сезона на „Игра на тронови“, насловена како „Долгата ноќ“, предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, особено на Твитер. Во неа се случува долго очекуваната битка за „Винтерфел“.
Публиката остана поделена – за дел од гледачите ова е една од најдобрите епизоди досега. За други, пак, проблем беа претемните сцени од кои, како што велат, не успеале да видат ништо.
Но, според кинематографот на епизодата, Фабиан Вагнер, намерата е светлото да се развива паралелно со приказната за ликовите. Тој сугерира дека проблем е и поставувањето на телевизискиот екран.
Последната епизода од веќе култната серија стана најтвитувана во историјата на ТВ, со над 7,8 милиони објави на социјалната мрежа. Исто така, беше најдолгата во историјата на „Игра на тронови“ – 82 минути.
На второ место на листата за најтвитувана серија повторно е „Игра на тронови“ со премиерната епизода
на последната сезона, кој собра над 5 милиони твитови.