Пост-панк бендот „The Soft Moon“ ќе настапи на 6 април во МКЦ

Младинскиот културен центар во соработка со „ROTKO Books & Music“ на 6 април (четврток) од 21:30 часот организира концерт на „The Soft Moon“

Проектот кој го започна Луис Васкез, а во придружба на Џастин Анастаси (гитара), Дејмон Веј (синтисајзер), Рон Робинсон (визуелизации) и Кивин Текон (тапани), по трет пат ќе настапат во Скопје.

Организаторите за публиката најавуваат уникатно аудио-визуелно искуство.

„Soft Moon повторно во Скопје! Овој пат засилени од фантастичниот бруклински проект Trace Amount“, стои во најавата.