Статуа на Јуриј Гагарин, првиот човек во вселената, кој минатата недела беше поставен во Белград, предизвика револт и потсмев кај јавноста во Србија поради несразмерните пропорции, пренесуваат регионалните медиуми.
Статуата била нарачана од белградскиот градски совет минатата недела и поставена на улицата која го носи името на славниот руски космонаут. Но, по поставувањето, малечката глава на Гагарин на огромен постамент била дочекана од граѓаните со негативни реакции.
„Човек мора да се лансира за да му ја види главата, тоа е поентата“, „Белград е ветровит град, веројатно затоа е така, за ветар да не го дувне“, „Изгледа како да го спакувале во оној споменик, па му ѕирка главата“, „Изгледа како кутија за зачин“, се само дел од саркастичните коментари на социјалните мрежи.
Вчера статуата била отстранета, а претставниците на градската власт изјавиле дека ќе се прати на доработка по што ќе биде вратена на истото место.
https://twitter.com/prijatelj1/status/983672909330776064?tfw_site=telegrafrs&ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fbeograd%2F2949854-uklanjaju-sramotni-spomenik-gagarinu-grad-nije-dao-saglasnost-za-to