На прагот од летото, на 18 и 19 јуни во објектот на Филхармонија ќе се одржува фестивалот „Поточиња 2022“.
„Многу нешта ги радуваат децата – прегратки, шеги, игри, забава, другарување, но танцувањето и пеењето им се можеби омилените“, се вели во најавата за настанот.
Според организаторот, новото претстојно издание на „Поточиња“, како еден од најпознатите детски музички фестивали, е време за повторно дружење на големата сцена.
„По три години, без никакви ограничувања и рестрикции, на ‘Поточиња 2022 ‘ повторно ќе протечат и ќе се разлеат нови игри, песни, насмевки и радости на голема сцена и пред несомнено полна сала. За првпат во Филхармонија и за првпат наместо да се пречека, детските песни ќе ја испратат пролетта со песна“, соопштува организаторот.
Фестивалот ќе се одржи во три достапни термини на 18.06.2022 (сабота) и 19.06.2022 (недела), односно со почеток во 11:00 часот, 13:00 часот и во 19:00 часот.
Билетите се веќе во продажба преку продажната мрежа на МК ТИКЕТС, како и онлајн на следните линкови: https://www.karti.com.mk/potocinja-2022.nspx и https://mktickets.mk/event/potocinja18/.