Денеска, во Агенцијата за млади и спорт беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за млади и спорт и здружението на граѓани Поларис за воспоставување соработка преку промовирање и унапредување на бенефитите од Европската младинска картичка во Македонија.
Со европската младинска картичка младите добиваат можност за подобрување на нивните вештини преку програмите за пракса и волонтирање, семинари и обуки, учество во програми за едукативна и културна размена и спроведување акртивности за унапредување на демократијата, меѓусебната доверба и соработка, како и иницијативи за зголемување на придонесот на младите во однос на прашањата кои се однесуваат на нив.
Европската младинска картичка нуди и голем број на попусти за сместување, патување, културни настани и купување за младите во Република Македонија, но и оние кои патуваат во земјите каде е воспоставена ваквата картичка.Носител на оваа картичка во Република Македонија е здружението Поларис, кои се член на Европската Асоцијација за младинската картичка (EYCA) – непрофитна организација која претставува 41 организација во 38 различни земји.