Според Здружението на адвокати од Англија и Велс – „Law Society“, давањето законски права и заштита животните, дрвјата и реките е многу важно доколку државите сакаат да се справат со климатските дефекти и загубата на биолошката разновидност, пренесува „Гардијан“.
Авторите на студијата „Законот во новото био-доба“ велат дека законските рамки имаат клучна улога во управувањето со човековите врски со животната средина и биотехнологијата.
Тие истакнуваат дека Еквадор и Боливија веќе ги зацврстиле правата на природата, а потенцираат и на кампањата за екоцидот да стане кривично дело кое може да се гони пред Меѓународниот кривичен суд.
Извештајот од „Law Society“ истражува како врската меѓу луѓето и планетата Земја може да се обнови во иднината.
„Сè повеќе станува јасно дека мора да се промени нешто за нашите деца да можат да преживеат на оваа планета“, изјавила една од авторите на истражувањето, Венди Шулц.
Триш О’ Флин, интердисциплинарна истражувачка и коавторка на студијата, смета дека законските рамки треба да бидат покријат и полиња како што се генетската модификација или инженеринг.
„Понекогаш се гледаме себеси како надвор од природата, како природата да е нешто со кое можеме да манипулираме. Но, всушност, ние сме дел од природата, ние сме само уште еден вид. Се случува да бидеме на врвот на еволутивното дрво, но всушност глобалниот екосистем е многу помоќен од нас“, изјавила таа.
Според извештајот, развојот во биотехнологијата, исто така ги поставува етичките прашања за враќање на истребените видови или искоренување на постоечките, во време кога научниците истражуваат за оживување на волнените мамути, а се дискутира и за истребување на комарците – носители на маларија и други болести.
„Не сме доволно мудри за да управуваме со сите овие способности, како и со брановитите последици од нашиот однос кон животната средина. Потребно е воведување на некаква одговорност, и тука влегува законот“, вели Шулц.