Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 21 оздравен пациент во: Скопје-8, Куманово-6, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-1, Велес-1, Кочани-1 и Македонски Брод-1.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Тетово на возраст од 59 години која 15 дена била во тешка состојба и на респираторна машина. Во изминатите 24 часа направени се 185 тестирања, а потврдени се 8 нови случаи на ковид-19. Од нив три се во Скопје, еден во Битола и четири во Велес.
Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 1526 , бројката на оздравени пациенти е 1013 , на починати е 86. Во моментов бројот на активни случаи изнесува 427.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 11 нови пациенти, осум од нив се префрлени од ГОБ „8 септември“, а вкупно хоспитализирани 41. На кислородна поддршка се 19 пациенти, а на механичка вентилација 1.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 4 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 14. На респираторна машина се 3 пациенти, а уште 4 се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, а уште 3 се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 52 позитивни и суспектни на ковид-19.