Нема повеќе лажење за оценките на училиште – повеќе од 140 илјади родители веќе добиле СМС-пораки со кои се известуваат за поведението и успехот на учениците.
Министерот за образование и наука Спиро Ристовски ги повика родителите на учениците да достават броеви од мобилните телефони или електронски адреси до матичните училишта, за да може да добиваат информации за успехот и редовноста на нивните деца.
„Одлично се одвива целиот процес, СМС-пораки се дистрибуирани до повеќе од 143 илјади броеви, а и известувања по имејл-адреси. Задоволството на родителите е евидентно и до нас стигнуват позитивни информации. Апелирам до родителите кои се уште немаат доставени броеви, а сакаат, тоа да го направат во матичните училишта и внимателно да ги наведат броевите зашто констатиравме и неточни“, изјави Ристовски.
Министерството за образование ја воведе услугата СМС-порака преку трите мобилни оператори во понеделникот.