Повеќе од три милиони Британци живеат со родителите, психолозите се загрижени

Повеќе од три милиони полнолетни Британци уште живеат со своите родители, покажува последната статистика, која открива дека еден од тројца, главно млади мажи немаат свој дом или оформено свое семејство.

Анализите покажуваат дека има неколку причини зашто е тоа така, но психолозите објаснуваат дека станува збор за загрижувачка ситуација која може да му наштети на оформувањето на идентитетот на младите.

Британија

Една од главните причини за ваквата ситуација се економските прилики во Велика Британија, како и оддолжувањето на стабилизацијата на домашното банкарство.

Британските банки се уште се внимателни при определувањето кредити за купување стан, или куќа. Посебно се претпазливи кога станува збор за оние кои прв пат се јавуваат како побарувачи на станбен кредит и за оние кои прв пат сакаат да купат дом за себе, а тоа се главно младите.

Каматите за станбените кредити не се онака поволни, како што тоа беше пред избувнувањето на кредитниот удар,во есента 2008 година, што за малку ќе предизвикаше крах на најголемите британски банки, па кредити се скапи или условите се тешки за „нормално живеење“ и за отпалтување на долгот. Аналитичарите, меѓутоа, забележуваат дека и младите кои имаат работа и може да живеат сами, се одлучуваат да останат во домот на своите родители и да живеат со нив, затоа што не сакаат да штедат и да се откажат од трошењето на парите за проводи и лично задоволство.

Родители и деца

Британскиот психолог Лин Џордан, предупредува на опасноста од живеењето со родителите. Младите возрасни луѓе, во своите дваесети, или триесети години кои останале да живеат со своите родители, ризикуваат да им биде поткопан идентитетот на возрасни луѓе, што мора да биде изграден.

Според Џордан, ваквите млади често сакаат да се вратат во своите тинејџерски години, па дури и во детството, кога сите рааботи им биле уредено од родители кои целосно воделе грижа за нивниот живот. На овој начин, младите, возрасни самци ризкуваат да ги загубат својата самостојноста и самосвеста, што може негативно да се одрази врз подцнежните години.