Повеќе од еден милион мигранти годинава пристигнале во Европа, соопшти Меѓународната организација за миграции со седиште во Женева (ИОМ). Според нивните статистики, ова е најголем прилив на мигранти по Втората светска војна, а најголем дел од нив во Европа влегле преку Средоземно Море, односно околу 972.000 мигранти .
Од ИОМ процениле дека околу 35.000 лица преку Турција влегле во Бугарија и Грција.
Речиси 3.700 лица се удавиле или се сметаат за исчезнати оваа година.
Половина мигрантите годинава се бегалци од Сирија, а по нив следат лицата од другите две воени жаришта, Авганистан и Ирак, покажуваат проценките на меѓународната организација.