Кинотека на Македонија објави повик до сите млади филмаџии, музичари, графичари, ликовни уметници и разни креативци да учествуваат на конкурсот „После дождот“ во чест на јубилејот, 30 години од македонскиот и светски класик, филмот „Пред дождот“.
„Сними оригинален краток филм (меѓу 30 секунди и 30 минути), во кој ќе користиш барем една реплика од филмот ‘Пред дождот’. На било кој видео формат. Креирај оригинален плакат за филмот, оригинален ремикс на музиката од филмот или друго уметничко дело инспирирано од филмот. Селекција од пристигнатите трудови ќе биде презентирана на широка домашна и меѓународна публика“, стои во повикот на Кинотека.
Од таму посочуваат дека наградите ќе бидат објавени наскоро, а рокот за пријавување е 1 октомври 2024 години.
Дополнителни информации за филмот може да се најдат на вебсајтот manchevski.com.
Сработените трудови треба да се пратат на: cinemathequeofmacedonia@gmail.com, или на: Кинотека на Македонија, адреса: Никола Русински бр. 1, телефон: + 389 2 30 71 814 + 389 2 30 65 968.