Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата и Мрежата 23 упатија повик до сите вклучени страни во процесот на донесување одлуки за прашањата утврдени во Договорот на политичките партии и неговиот анекс за отвореност, транспарентност и вклучување на граѓанскиот сектор и сите засегнати страни.
„Ние, организациите членки на овие две мрежи, сметаме дека спроведувањето на договорот е императив. Во овие клучни моменти за иднината на нашата земја, неопходно е процесите да бидат отворени и да обезбедат вќлучување и придонес од граѓансќиот сектор и другите засегнати субјекти, во изнаоѓањето на решенија и донесувањето на одлуки“, се вели во соопштението на граѓанските активисти.
Имајќи ја предвид улогата на граѓанскиот сектор да следи и набљудува, тие се залатаат за транспарентно и одговорно однесување на сите политичќи партии и бараат Владата да го објави Нацрт-акцискиот план за реализација на итните реформски приоритети на Европската комисија, кои произлегуваат од Извештајот на
експертската група на ЕУ. Исто така посочуваат дека Собранието треба да овозможи граѓанските организации да ја следат неговата работа во периодот од 1 септември до неговото распуштање, а преговарачите да обезбедат транспарентност на процесот на дефинирање на улогата на специјалниот јавен обвинител.
„Свесни за сопствената одговорност уверуваме деќа нашиот пристап ќе биде конструктивен и независен“, посочуваат активистите.
Платформата на граѓански организации за борба против корупција е основана на 9 декември 2014 год. од страна на 15 граѓански организации и цели кон проактивно, динамично и оспособено граѓанско општество кое ќе игра значајна улога во борбата против корупцијата. Мрежата 23 е мрежа на 11 граѓански организации, основана во јули 2015 година и настојува да се поттикне јавната дебата во земјава за прашањата од областа на правосудството и на темелните права, покриени со Поглавјето 23 од пристапувањето во ЕУ, да се обезбеди влијание врз јавните власти и пошироката јавност, врз основа на истражување и на застапување базирано врз докази и аргументи, како и да се овозможи граѓаните да имаат свој збор во клучните прашања на демократијата и владеењето на правото.