Штипскиот Дом на млади ќе ја враќа старата фасада со графити, што пред пет години беше префарбана во розова боја. Директорот на Дом на млади-Штип, соопшти дека распишале конкрус, на кој млади уметници ќе се јават со идејни решенија, а проектот се реализира под наслов „Нашиот дом“.
Секој заинтересиран може да учествува на конкурсот со една идејна скица-концепт, во категориите „Street art“ или „Graffiti“. Конкурсот е отворен до 30 март.
Уметниците ќе работат на своите дела на фасадата од 10 до 28 мај, а на 1 јуни ќе се отвори галеријата во рамките на фестивалот „Сигнал“. Фасадaта сега е обоена во црна боја, а надлежните ги охрабруваат уметниците од цела Македонија да се пријават на конкурсот.