„People to People Skopje- Macedonia“ отвора повик за учесници на целодневна работилница на тема: „Слобода на изразување и здружување“. Работилницата се реализира во рамки на акцијата „Здружени за слободно изразување“.
Темите коишто ќе се обработат на оваа работилница се:
• Слободата на изразување како основно човеково право
• Црвени линии: слобода на изразување и говор на омраза
• Медиумите како алатка за артикулирање на младинскиот глас
• Чекори во спроведување на онлајн кампања
• Граѓанска/младинска иницијатива
• Младите, нивното место во општеството и можноста за учество во јавната сфера (држава, политика, граѓанско општество, медиуми)
• Креативни начини за младинско изразување (театар, уметност, улични перформанси, акции)
На работилниците ќе се работи преку методите на неформално образование, а ќе бидат дискутирани и обработувани моментални и актуелни теми и состојби од нашето општество. Возрасната граница за учество е од 16 до 25 години. Работилницата ќе се одржи во Скопје на 21 мај, од 10:30 до 18:30 часот.
Организаторот не ги покрива трошоците за транспорт. Апликацијата за учество на работилницата е достапна на следниот ЛИНК.
Крајниот рок за испраќање апликации е 14 мај 2016 година. За дополнителни прашања, може да се контактира на ptpiskopje@gmail.com.