Во духот на „идеите вредни за споделување“, програмата TED (Technology, Entertainment, Design) организира конференциска серија наречена TEDx, која вклучува локални, самоорганизирани настани, преку кои се зближуваат луѓе желни да го доживеат искуството на TED. На настаните во рамката на TEDx, преку видеоговори и излагања во живо, поединци се обидуваат да предизвикаат широки дискусии и да придонесат кон поврзување различни групи.
Првиот TEDx настан во Македонија се одржа на 30 октомври 2010 година во киното Фросина во Младинскиот културен центар во Скопје. На настанот TEDxSkopje се претставија дванаесет говорници, кои зборуваа во четири сесии, пред публика од стотина луѓе. Програмата бише надополнета со видеопрезентации од познатите светски конференци на TED. Целодневниот настан беше пренесуван во живо на интернет.
Иницијативата за пронаоѓање „идеи вредни за споделување“ продолжува и во 2013 година. Отворен е повикот за избор на најдобрите идеи, говорници и презентации за TEDxSkopje City 2.0. Се бараат говорници од Македонија, кои преку своите истражувања или искуства дошле до уникатни идеи вредни за споделување, коишто се широко применливи и може да помогнат градовите низ земјата да станат поубави места за живеење. Сите детали во врска со пријавувањето на изборот може да ги најдете овде.
Извор: Izlez.mk