Повик за локална работилница – ЈутЛИНК

youth_group_2Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум“ – Македонија, заедно со „Интерњуз“–Босна и Херцеговина (Internews, BiH) и партнерите од регионот, односно Младинската иницијатива за човекови права-Босна и Херцеговина (YIHR BIH), Младинската иницијатива за човекови права-Хрватска, Младинската иницијатива за човекови права–Косово, Младинската иницијатива за човекови права–Црна Гора и Младинската иницијатива за човекови права–Србија, го спроведува проектот „ЈутЛИНК: Поврзување на иноватори кои делуваат за промена“ (YouthLINC: Linking Innovators who Network for Change).
Фокусирајќи се на нетолеранцијата и дискриминацијата како некои од најголемите предизвици за стабилноста и мирот на Балканот, проектот поврзува млади луѓе од шест земји во регионот – Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија – овозможувајќи им, притоа, да создадат нови он-лајн социјални платформи и основа за оф-лајн соработка на локално ниво.

Услови за пријавување:

· Возраст од 18 до 24 години
· Заинтересиран/а за локално дејствување
· Подготвен/а да направат социјална промена
· Запознаен/а со употребата на новите социјални медиуми
Пополнете ја анкетата или испратете ги одговорите на прашањата од анкетата на следната е-адреса: survey@oneworldsee.org.
Крајниот рок за пријавување е 10 март 2013 година.

Постапка:
По затворањето на повикот, назначен независен комитет ќе ги разгледа пристигнатите пријави и, доколку е потребно, ќе закаже интервју со дел од кандидатите. Ќе бидат избрани најмногу 30 кандидати за учество во локалните работилници, кои ќе се одржат кон крајот на март во Загреб/Белград/Подгорица/Приштина/Скопје/Сарајево соодветно.
Работилницата во Скопје ќе се одржи на 27 март, а работен јазик ќе биде англискиот.
Учесниците ќе осмислат и спроведат проекти кои ќе повикуваат на отворен дијалог, унапредување на сличностите и бришење на пречките за помирување и толеранција меѓу разните етнички заедници како на национално, така и на регионално ниво.

Локалната работилница ќе ги опфати следните теми:
1. Човекови права
2. Спречување конфликти
3. Активизам
4. Транзициска правда и соочување со минатото
5. Стекнување практични вештини

Деталниот работен распоред ќе им биде испратен само на избраните учесници. По завршувањето на локалната работилница, секој од учесниците ќе може да:
а) присуствува на Социјалниот иновативен камп, кој ќе се одржи во јуни 2013 година во Сараево со млади луѓе од шест земји;
б) развива идеи заедно со други млади луѓе преку иновативни он-лајн апликациии;
в) развива и спроведува прекугранични он-лајн проекти кои ќе бидат финансиски поддржани;
г) стекне знаење за менаџирање и застапување преку обуки и со помош на ментор/ка;
д) стане дел од долгорочна и динамична он-лајн и оф-лајн заедничка меѓународна мрежа на млади луѓе.

Водејќи се од концептот на еднаквост, проектот особено ги охрабрува да учествуваат заинтересираните кандидатки и млади лица со посебни потреби. Резултатите од анкетата, како и личните информации ќе бидат користени само при подготовката на работилницата и изборот на учесниците, при што особено ќе се внимава на почитување на различностите и еднаквоста.