„Младите можат“ повикуваат учесници на програмата за локален активизам „Младински Локални Иницијативи“ преку која на младите ќе им се овозможи директна соработка со локалните власти и спроведување иницијативи за подобрување на општествен предизвик кој лично ги засега.
Повикот е отворен за сите млади жители на општините Карпош, Аеродром и Центар, на возраст од 17 до 24 години.
Целта на проектот е да ги мотивира младите да учествуваат во остварувањето позитивни промени заедно со локалната власт, промоција на младинскиот активизам како и стекнување на вештини за личен и професионален развој.
Програмата се состои од две фази: Градење на капацитети на учесниците и имплементација на локални иницијативи.
Повеќе детали околу повикот и начинот на кој може да се пријавите можете да најдете на следниов ЛИНК.