Независенот филмски центар „Филмарт“ распиша конкурс за учесниците на десетиот Меѓународен студентски филмски камп „Интеракција 2015“, кој ќе се одржи во Пожега од 12 до 29 август. Во кампот ќе учествуваат 15 учесници кои ќе бидат поделени во 3 групи и ќе снимат 3 документарни филма на одредени теми.
Право на учество имаат студентските продукции, режии, кинематографи кои имаат искуство со продукција на документарни филмови и зборуваат англиски јазик. По повод одбележување на 10-годишнатата на МСФК „Интеракција“ покрај студентите на филмските училишта, право на учество ќе имаат и поранешни учесници на кампот.
Покрај продуцирањето на филмовите, ќе бидат реализирани и повеќе активности како работилници, програмата „Интерскрин“, програмата „Вечер за добродојде“, мултикултурни програми, летни програми за читање, ќе има премиерна проекција на филмови, патувања, излети, спортски активност, концерти и забави.
Организаторите го обезбедуваат сместувањето и храната за учесниците, опремата и материјалите за филмска продукција, како и превоз на релација Белград-Пожега-Белград. Учесниците се одговорни за трошоците за патот до Белград (и назад), меѓународното здравствено осигурување, и визите доколку тие се потребни за влез во Србија.
За пријавување на конкурсот потребно да се достави уредно пополнет онлајн формулар. Филмот со кој ќе се конкурира за учество во кампот треба да се постави на еден од онлајн сервисите (YouTube, Vimeo), а линкот од филмот треба да биде напишан во онлајн формуларот.
Филмот мора да биде документарен, да има превод на англиски јазик и да биде снимен во текот на студиите. Конкурсот е отворен до 15-ти април, а поделатни информации можат да се најдат во официјалната страна.
Досега на кампот „Интеракција“ учествувале 174 учесници од 45 земји, а снимени се 35 документарни филма.
Извор: РТВ