Младинскиот образовен форум, Центарот за образовна политика (Србија) и Центарот за наука и иновации за развој (Албанија) објавуваат повик за аплицирање во Регионалната програма за младинско лидерство за мобилност (#RYLMP).
„Ако си студент и/или активист од Албанија, Србија или Северна Македонија, кој има интерес за истражување и застапување за прашања поврзани со младите, ова е совршена можност за тебе!“, се вели во повикот.
Со менторство и финансиска поддршка обезбедена од проектот, учесниците ќе имаат можност да престојуваат до три недели во секоја земја, каде што ќе работат заедно со врсниците кои ги споделуваат нивните интереси и ќе развијат нови вештини за лидерство, истражување и застапување.
„#RYLMP има за цел да ги зајакне регионалните односи помеѓу Албанија, Србија и Северна Македонија, преку здружување на млади активисти и академици од регионот“, стои во повикот.
Проектот е поддржан од канцелариите на Фондацијата Отворено општество во Албанија, Србија и Северна Македонија.
Повеќе за повикот ТУКА.