Здружението „Македониум“ од Белград објави повик за ликовните уметници од цела Македонија, кои имаат до 40 години, да се пријават на конкурсот за излагање во 2024 година, отворен од страна на Домот на младина во Белград, и на тој начин, доколку бидат одбрани, да учествуваат во манифестацијата Денови на македонската култура во Белград ,,Допир на Македонија”.
Конкурсниот материјал треба да ги содржи следните информации:
– Податоци за излагачот/излагачите: име и презиме, адреса на е-пошта, телефонски број и биографија;
– Опис на изложбениот проект;
– Техничка спецификација на изложбениот проект;
– Визуелна презентација на изложбениот проект.
Конкурсот е отворен до 1 октомври 2023 година, а резултатите ќе бидат објавени еден месец покасно.
Здружението замолува сите заинтересирани, пред да конкурираат да се обратат до нив на мејл адресата makedonium.belgrad@gmail.com за договор и добивање на препорака за учество во манифестацијата Денови на македонската култура во Белград 2024 година.
Поопширни информации за условите на конкурсот можат да се најдат на страната на Домот на младина.