Повик за млади волонтери во Собранието

Собранието во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) и поддршка од Британската Амбасада во Скопје, отвора повик за волонтери.

„Новата Програма за волонтери ќе им понуди на 20 млади луѓе можност да стекнат практично искуство и да научат за демократијата од прва рака во срцето на демократските процеси – Собранието. Преку оваа програма, Собранието ќе добие можност да ја доближи својата работа до младите“, посочуваат од ВФД.

Од таму објаснуваат дека преку детални предавања за политичкиот систем, демократските вредности, улогата на Парламентот и улогата на граѓаните и младите, програмата ќе обезбеди квалитетни содржини и искуства за волонтерите.

Волонтерската програма трае 6 месеци.

На огласот може да се пријават млади кои се државјани на Македонија, кои не се во работен однос, имаат најмалку високо образование (прв циклус на студии) или се студенти во завршна година на прв или втор циклус на студии, имаат способност за успешно комуницирање, писмено изразување и истражување, се иницијативни, аналитични и интерактивни.

Рокот за пријавување е 20 септември 2024.

Целиот оглас со сите детали за учество е достапен на македонски и албански јазик.