Младинската филмска продукција Creative8 и Скопскиот филмски фестивал оваа година им нудат одлична можност на четворица млади кандидати кои имаат интерес во филм, филмска продукција и организација, да бидат дел од најреномираниот филмски фестивал во градов.
„Creative8“ како организација во чиј што фокус се младите и користењето на видеото како алатка за нивно изразување, преку оваа соработка сака да им помогне на заинтересираните млади во оваа област да стекнат искуство и знаeња за фестивалско работење, како и да им овозможи прилика во рамки на фестивалот да работат со врвни професионалци од филмската индустрија.
Заинтересираните младинци може да се пријават на следниов линк најдоцна до 7 април. Избраните кандидати ќе бидат известени најдоцна до 10 април.
За повеќе информации, на располагање се следниве контакт адреси: riste@cre8ive8.org I irena@cre8ive8.org , или посетете ги страниците на Скопски филмски фестивал и Creative8.
Скопскиот филмски фестивал е една од најпосетените културни манифестации во Скопје со преку 30,000 гледачи годишно, а фестивалот во изминатите 15 години е посетен од приближно 125,000 гледачи. Годинава е шеснаесетиот по ред Скопски филмски фестивал и ќе се одвива во киното Милениум иа на програмата се повеќе од 70 филмови, меѓу кои и 20 светски и европски премиери.