Медиа/Арт клубовите на Младински образовен форум (МОФ) регрутираат нови членови кои ќе се вклопат и ќе придонесат во идејата за слободно и креативно изразување на младите.
Во моментов, постојат пет клубови во Македонија и тоа во Скопје, Тетово, Велес, Неготино и Струга. Членовите на Медиа/ Арт клубовите посетуваат работилници во кои учат како да ги користат новите медиуми и техниките на уметноста. Содржините кои младите членови на Медиа/Арт клубовите ги создаваат имаат цел да поттикнат размислување и дејствување на конкретна општествена тема од нивен интерес за помагање на локалната заедница прекумладински активизам.
Програмата на Медиа/Арт клубовите трае од октомври 2016 – мај 2017 и се состои од работилници на пет техники и тоа:
– Улична уметност;
– Перформанс;
– Новинарство и аудио;
– Документарен филм ивидео активизам;
– Реупотреблив дизајн.
Времетраењето на една работилница е максимум два месеци во кои членовите темелно ќе ги изучуваат алатките кои се предвидени во програмата. Клубовите ќе ги обезбедат сите потребни материјали за работа на членовите, како и предавачите со кои ќе соработуваат.
Секој клуб обработува најмногу четири техники (од предвидените шест) во текот на годината, а за повеќе информации за тоа кои техники ќе бидат обработувани во секој град, може да се обратете на marija.grujovska@gmail.com.
Работен јазик на работилниците е македонски.
Сите заинтересирани млади на возраст од 15 до 25 години од Скопје, Велес, Тетово, Неготино и Струга можат да се пријават овде најдоцна до 5-ти октомври.