Радио МОФ распишува повик за учесници на дводневни работилници за новинарство кои ќе се одржат во пет градови во Македонија. Учесниците ќе имаат можност да ги научат основите на новинарското пишување и известување.
Работилницата преку теоретска и практична работа ќе ве воведе во основите на новинарството, техниките на интервјуто и моќта на фотографијата. Учесниците на работилницата ќе научат да прават разлика меѓу пишувањето за интернет медиуми, весници, радио и телевизиски стории.
Обуките ќе се реализираат во соработка со медиа/арт клубовите на МОФ во:
Скопје, 6 и 7 февруари
Тетово, 20 и 21 февруари
Кичево, 20 и 21 февруари
Струга, 27 и 28 февруари
Велес, 27 и 28 февруари
Обуките се дводневни [со времетраење од по 6 часа вклучувајќи и паузи]. Кандидатите за учество на обуките треба да се на возраст од 15 до 25 години и да покажуваат интерес за интернет новинарство.
Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 5 февруари 2016 година, за обуката во Скопје, а најдоцна до 15 февруари за обуките во останатите градови преку пополнување на апликацијата на крајот на текстот или на овој ЛИНК.
Повикот за учество на работилниците е отворен за сите млади кои сакаат да го збогатат своето новинарско искуство и знаења, но и да се инспирираат и научат повеќе од новинарите на Радио МОФ. Обуките се наменети за млади кои сакаат да пишуваат и истражуваат. Методологијата на работа се базира врз принципот на неформално образование кое вклучува интеракција и практична работа со учесниците.
Бројот на учесници е ограничен. Ако се во можност учесниците се препорачува да си понесат свој лаптоп. Обуките се бесплатни и ќе бидат спроведени на македонски јазик од страна на искусни обучувачи од Радио МОФ. При селекцијата на кандидатите ќе биде земен предвид етничкиот и родовиот баланс на групите, а приоритет ќе имаат оние учесници кои први ќе се пријават.
Работен јазик за работилниците е македонски.
Chat Conversation End