„What kind of education do YOU(th) need?“ (Какво образование ви треба) е насловена локалната обука која ќе се спроведе во периодот 19- 21 февруари 2018 година, од 9:00 до 17:30 часот, во Јавна соба во Скопје.
Обуката, која е дел од програмата „Активни граѓани“ која ја спроведуваат Националниот младински совет на Македонија во соработка со Британскиот совет, е наменета за млади луѓе од Скопје, на возраст од 18 до 29 години, претставници од организации и институции за формално и неформално образование, како и претставници од локалните институции кои активно учествуваат во креирање на локалните процеси и политики во областите млади и образование.
„Целта на обуката е младите од Скопје, заедно со професионалците активни во неформалното и формалното образование и останатите локални чинители од важност за образовните политики и програми во Скопје, да ги зајакнат своите способности за спроведувањето на социјални акции и за иницирање и/или застапување и лобирање за промени во областа на образованието на младите луѓе во заедницата, во согласност со современите светски трендови и можности“, посочуваат организаторите.
Заинтересираните можат да се пријават на овој ЛИНК најдоцна до утре во до 16:00 часот. Повеќе детали за обуката и начинот за пријавување можете да најдете ОВДЕ.