Повик за обука на волонтери по повод Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром

По повод Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром – 21 март, Порака Нова објавува повик за присуство на обука за волонтери која ќе се одржува во просториите на организацијата во Струга, со почеток од 11 часот.

Обуката се состои од три работилници кои имаат за цел да им помогнат на идните волонтери да ги разберат лицата со интелектуална попреченост. На работилниците може да присуствува секој кој е заинтересиран да стане редовен волонтер во Порака Нова.

Првата работилница е на тема „Научете ги основните факти за спектарот на пречки во интелектуалниот развој со посебен фокус на Аутизам и Даунов синдром“. На втората, присутните ќе можат подобро да се запознаат со корисници од Порака Нова, а веќе во третата, заинтересираните ќе учат како е да се биде волонтер во оваа организација.

Крајниот рок за пријавување е до четврток (19 март), притоа потребно е да се испрати мотивационо писмо со основните лични податоци на poraka.struga@gmail.com или смс порака на тел: 071236840. На обуката можат да присуствуваат само 20 учесници.