Ромскиот Ресурсен Центар (РРЦ) објавува повик за учество на обука за застапување за Роми ученици / студенти на средно стручните медицински училишта / медицински факултети во Македонија. Оваа активност се имплементира во рамки на проектот “Kамп за застапување 2012“ кој е финансиски подржан од страна на Фондацијата Отворено општество од Будимпешта.
Целта на обуката за застапување е да им овозможи на учесниците да се стекнат со основни знаења и вештини од областа на застапувањето, со цел да бидат во можност да превземаат индивидуални или групни активности за застапување. Обуката е со времетраење од 5 дена, и ќе се состои од два дводневни последователни семинари кои ќе бидат организирани надвор од Скопје. По завршувањето на обуката се предвидени дополнителни активности за застапување. Трошоците за превоз (повратна автобуска карта) и сместување за избраните учесници ќе бидат покриени од страна на РРЦ Скопје.
Центарот објавува повик и за практиканство за Роми ученици / студенти на средно стручните медицински училишта / медицински факултети во Македонија. Оваа активност се имплементира во рамки на проектот “Kамп за застапување 2012“ и е финансиски подржан од страна на Фондацијата Отворено општество од Будимпешта. Целта на практикантството е да овозможи на учесниците да можат да ги подобрат своите практични вештини, искуство во давањето на здравствени услуги и да се зголеми нивната промоција на локално ниво.
Практиканството ќе се одвива во јавни здравствени установи, приватни ординации, аптеки, стоматолошки ординации, како и други институции според потребите и барањата на практикантите. Практиканскиот ангажман ќе трае најмногу 30 дена а ќе се одвива во периодот од јуни до октомври. За време на практичната работа, трошоците за храна и превоз на учесниците во висина до 3.000 денари, ќе бидат покриени од страна на РРЦ. Повеќе информации за обуките може да најдете на следниот линк.