Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) објави повик за практиканти во рамки на проектот „Промовирање на општествена отчетност на локално ниво“, финансиран од Развојната програма на Обединетите нации (УНДП).
Целта на проектот е да промовира интегритет, квалитет на услугите и намалување на корупцијата на локален план преку напредни и иновативни технолошки решенија за учество и зајакнување на граѓаните. Во рамките на овој проект, ќе биде изготвена иновативна софтверска алатка за општествена отчетност, која ќе ја промовираат практиканти во пет општини во Република
Македпнија: Тетово, Босилово, Илинден, Дебар и Центар.
Описот на задачите на практикантите може да ги најдете ОВДЕ. На практикантите за успешно завршени обврски ќе им биде доделен сертификат од општината. Услови кои треба да ги исполнат заинтересираните лица за практиканти се:
– Да се студенти или штотуку дипломирани на општествени науки или информатички технологии;
– Да не се постари од 26 години;
– Да се заинтересирани за темата добро владеење, интегритет, транспарентнпст и отчетност во управување на јавниот сектор;
– Да имаат активно познавање на англиски јазик;
– По можност да се жители на некоја од петте општини: Тетово, Босилово, Илинден, Дебар и Центар.
Заинтересираните кандидати можат да се пријават најдоцна до 17 август, на следната е-пошта : crpm@crpm.org.mk.