Фондацијата за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа Скопје организира Новинарски стартап натпревар, на кој новинари, граѓански активисти, програмери, ескперти за гејмификација и графички дизајнери ќе работат во тимови со цел да создадат интерактивна новинарска содржина на теми за подигнување на свеста.
Нивните стории и проекти треба да имаат дополнителна вредност на општествена одговорност и да имаат желба за промена на постоечкото општествено опкружување, слободно и креативно размислување и искористување на можноста да развијат сопствени техники и вештини за сопствено подобрување.
На конкурсот за овој натпревар заинтересираните може да се пријавуваат како поедници. Кога ќе се спроведува тридневниот натпревар кон крајот на јануари 2017 година, поточно на 27, 28 и 29 јануари 2017 година, учесниците ќе може подобро да се запознаат и тогаш да формираат тимови, согласно замислените проекти и начин на изработка.
Два дена ќе ги разработуваат идеите и ќе се формираат тимовите, а третиот ден, пред жири ќе се презентираат идеите. Жирито ќе одлучи кој ќе биде победник во трите категории од овој натпревар.
Новинарскиот Стартап Натпревар се состои од три категории: дигитално раскажување, интерактивна онлајн игра и развивање на новинарски алатки. Во сите три категории има различни награди, во износ помеѓу 1000 и 5000 долари. Повеќе за натпреварот овде.
Сите продукти од сите три категории треба да бидат завршени до 30 јуни 2017 година. Новинарски стории и проекти ќе бидат јавно објавени на онлајн платформата одржувана од страна на Фондацијата за дебата и едукација Идеа Југоисточна Европа Скопје.